Голема редица за субвенции за велосипеди и електрични тротинети пред Град Скопје

од Nikola Popovski

Од денеска почна поднесувањето на барања за доделување на субвенции од Град Скопје за купени велосипеди или електрични тротинети.

Oд Град Скопје објавија дека интересот на граѓаните коишто набавиле велосипед или електричен тротинет е многу голем, а редот и физичкото растојание меѓу граѓаните го одржуваат редари.

„Граѓаните коишто чекаат ред ги почитуваат препорачаните мерки за лична заштита и носат маски“, соопштуваат од Град Скопје.

Тие апелираат граѓаните да ја држат потребната дистанца, да носат заштитна опрема и да имаат трпение додека чекаат да ја предадат потребната документација за добивање субвенции.

Слични содржини