Големите поплави во Грција земаа четири жртви (Фото/Видео)

од Vladimir Zorba

 Најмалку четири лица загинаа, додека едно се води како исчезнато во поплавите кои најмногу го зафатија југот и северот на Грција.

gr4-520x347

Во соопштението на противпожарната служба се вели дека до сега се пронајдени удавени две повозрасни жени и еден 90 годишен маж. Асошиејтед прес јави дека е пронајдено и безживотно тело и на 73 годишно лице.

vrne-grtsija

Во градот Пиргос, противпожарната бригада примила околу 150 повици за поплавени подруми и простории, како и за паднати дрва на патишта. И противпожарната скужба во Солун примила десетици повици за поплавени куќи и објекти во повеќе делови од градот.

 

popl-fgrtsi

 

 Силните дождови поплавија домови и комерцијални објекти и во други делови на јужен Пелопонез, како и во околината на Солун.

Слични содржини