Горат социјалните мрежи: „Во шума е забрането, а во црква од иста лажичка е дозволено“

од Берта Китинска

Поради зголемената опасност од појава на пожари на отворен простор, воведена е забрана за движење во шума и на шумско земјиште од 6 до 20 часот. Забраната почна да важи од утрово и ќе трае сè до нејзино отповикување.

Велики Петок

За непочитување на оваа забрана на физички лица затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, во согласност со член 106 од Законот за шумите, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност.

Оваа одлука изреволтира многу граѓани кои почнаа да реагираат на социјалните мрежи.

-И сеа јас морам да го шетам детево по ПАРТИЗАНСКА зошто во шума во природа ми е забрането, а овие да се тискаат во црква и да сркаат од иста лажица не им е забрането… Во Градски парк е слободно…. Не знаев како е решено зошто е напор веќе и да ги пратиш, поминав имаше нормално движење и не многу гужва… И сега нашите деца мора да седат дома, затоа што некои сркаат лажичка а други сакаат настава во природа….Забрането одење во цркви, а не во шуми..Некаде мора да дишеме..Какви пожари оваа одлука е безсмислена.. се дел од коментарите на социјалните мержи.

Оваа забрана не важи за вработените во ЈП „Национални шуми“ и за субјектите што вршат шумско-културни активности на површините со кои стопанисува ЈП „Национални шуми“, како и за лицата што имаат писмено одобрение за движење во шумите со кои стопанисува ЈП „Национални шуми“.
Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известуваат сите граѓани дека се забранува палење стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата и друг земјоделски отпад на земјоделско земјиште како превентивна мерка за заштита од појава на пожари на отворен простор.

За непочитување на одредбите од Законот за ловството се предвидува глоба во износ од 1.500 до 3.000 евра во денарска противвредност за прекршок на физичко лице во согласност со член 79 од Законот за ловството.

Забраната ја спроведуваат вработените од ЈП „Национални шуми“, кои вршат дејност заштита, Министерството за внатрешни работи и Шумската полиција.

Слични содржини