Ѓорѓиев бара историските разговори да бидат надвор од преговорите со ЕУ

од Nikola Popovski

Кога се зборува за интеграцијата на Македонија во рамките на ЕУ, тогаш конфликтното минато со Бугарија може да го забави процесот. Затоа историските разговори треба да останат надвор од тој процес и да се водат како посебен процес во таа целокупност за нашата интеграција, смета претседателот на македонскиот тим историчари од Мешовитата историска комисија со Бугарија, Драги Ѓорѓиев.

Според него, историските разговори се билатерални недоразбирања и тие треба да бидат надвор од политичкиот процес.

-Разговорите околу историјата можат да траат со децении. Од тој аспект сметам ќе внимаваат. Во последно време нема никаков притисок, не се спомнува Историската комисија и така треба да биде. Ја нема таа тензија за резултатите на интеграцијата да зависат од резултатите на Комисијата, вели Ѓорѓиев во изјава за медиумите.

Слични содржини