ГОРИЛИ СЕ ЗАРАЗИЛЕ СО КОРОНА: Вирусот им го пренеле вработени во зоолошка (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Осум горили во зоолошката градина Сафари во Сан Диего во Калифорнија се заразени со коронавирус и ова се првите регистрирани случаи на инфекција кај мајмуни.

 

Изметот од горилите биле тестирани откако почнале да кашлаат, а се верува дека биле заразени од персоналот класифициран како асимптоматски случај, иако постојано носеле заштитни маски.

 

Со оглед на биолошките сличности помеѓу луѓето и мајмуните (тие имаат 98 проценти од ДНК), научниците се загрижени дека коронавирусот може да претставува закана за загрозените примати.

 

Извршната директорка на паркот Лиза Патерсон изјави дека сите осум горили живеат заедно, од кои две кашлале, додека едната покажала симптоми на инфекција.

 

Паркот е затворен за јавноста од 6 декември, поради напорите на властите во Калифорнија да го запрат ширењето на коронавирусот.

 

“Освен кашлање, на горилата им оди добро. Групата останува заедно, но е во карантин и се надеваме на брзо закрепнување”, рече Лиса Петерсон.

 

Сè уште не е познато дали горилите ќе имаат посериозна реакција на болеста, од која починаа скоро два милиони луѓе и беа заразени повеќе од 91 милион.

 

Станува збор за западни низински горили заразени со коронавирус, чија популација е загрозена во последните 20 години и опадна за 60 проценти поради лов и болести.

 

Раководството на зоолошката градина е во контакт со лекарите кои лекувале луѓе од коронавирусна инфекција во случај да се појават посериозни симптоми кај горилите, пишува Ал Џезира Инглиш.

Слични содржини