Не може да се знае колку средства ќе недостасуваат, тоа ќе зависи од понатамошниот развој на кризата и времетраењето. Оние 600 милиони евра не се ништо потребни се повеќе средства. Треба да се планираат неколку стотина милиони минимум, околу половина милијарда во овој момент. Со тоа треба да се почне, со формирање на фонд кој ќе биде распределен за субјекти кои се оштетени од областа на бизнисот и семејства и поединци кои остануваат без приходи. Тоа треба да е главниот фокус на средствата кои треба да се обезбедат. Треба многу повеќе средства да се издвојат и за здравствениот сектор кој знаеме дека е руиниран и нема капацитет, изјави поранешниот гувернер на Народната банка, Петар Гошев.

-Владата треба да има издржани економски мерки кои ќе бидат преточени во реализиран план. Важно е дали парите ќе дојдат на вистинската адреса. Знаеме како до сега идело тоа, треба конкретни мерки и трансрапернтност кому точно ќе бидат доделени тие пари, вели Гошев.

Екс гувернерот додава дека веста оти недостасуваат 2 милијарди евра во Буџетот на РМ не е точна и безпотребно крева паника помеѓу граѓаните.

-Не е возможно во март во буџетот кој е предвиден да собере приходи од 3,6 милијарди евра, сега да недостасуваат 2 милијарди евра, тоа е нон сенс. Такви изјави не треба да се даваат, предизвикуваат паника. Оваа изјава која како факт не е точна и не смее да циркулира во јавноста, вели Гошев,

Според Гошев треба да има подобрување и во тимот на здравството, бидејќи, како што вели не може министерот сам да се справи со оваа ситуација.

-Треба да има квалитетни тимови и за здравството, а не да се појавува само министерот да држи прес конференции. Еден министер сам не може да се справи со ваква ситуација, вели Гошев.

Слични содржини