Гостиварската болница доби донации во постелнина, заштитни маски и хигиенски средства

од Nikola Popovski

Неколку поединци и фирми изминативе два дена донираа во општата болница „Др. Ферид Мурад“ поголеми количини заштитни маски и хигиенски средства и постелнина.

Од управата на болницата искажаа задоволство за покажаната добра волја и донациите, која, како што наведе првиот човек на оваа здравствена установа, е добредојдена.

– Од трговскиот ланец ЕТЦ, добивме значителна количина заштитни маски, скафандери, хигиенски и средства за дезинфекција. Во меѓувреме, повеќе поединци и други фирми, исто така, донираа слични продукти, а добивме и 215 комлети постелнина, која исто така во овие околности е добредојдена, изјави за МИА, Јакуп Јакупи директор на болницата.

Тој потврди дека залихите во болницата се на задоволително ниво, но со оглед на состојбата, вели дополнувањата ќе бидат корисни.

Слични содржини