Градоначалникот на  Рим Игнацио Марино поднесе оставка по обвинувањата за корупција, пренесоа агенциите.b4e4315f1cfa597b60375edc01311edd

Тој зја донсесе одлуката откако беше обвинет дека плаќал со општински пари сметки во ресторани, кога бил со семејството или со пријателите.

Првично градоначалникот на италијанската престолнина ги отфрли обвинувањата и понуди да врати 20 000 евра – износот за кој се тврди дека ја платил со кредитната картичка на Градското собрание.

Подоцна, сепак Игнацио Марино објави дека се повлекува од функцијата.

Неговата оставка беше побарана уште пред една година поради неплатени казни за паркирање.Градоначалникот беше критикуван и поради раскошен погреб на мафијашки бос во Рим.

Слични содржини