Граѓанска надеж за подобро утре: Избрани новоименуваните членови на Комисијата за заштита од дискриминација

Помина тримесечје откако беше усвоен Законот за спречување и заштита од дискриминација во Законот, а сега се усвои и Одлуката за избор на членови на таа комисија.

Имено, беа избрани седум од пријавени 44 кандидати, а невладините организации беа задоволни од ваквиот чекор, бидејќи како што велат ниту членови ниту посебен закон нешто промени општествено по однос на ова прашање.

Комисијата за прашањата на изборите и именувањата во рамки на предвидените рокови избра седум членови кои ги изгласа и Собранието. За членови на оваа Комисија за спречување и заштита од дискриминација избрани Игор Јадровски, дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје, Неда Чаловска Димовска, дипломиран правник од Скопје, Лимко Бејзароски, политиколог и доктор по историски науки од село Пласница, општина Пласница, Ирфан Деари, лекар специјалист од село Боговиње, кои се со мандат од пет години, додека м-р Кире Василев политиколог од Битола, Исмаил Камбери, магистер по правни науки, и Весна Бендевска, психолог од Битола, се избрани со мандат од три години.

Вобичаено, опозицијата сметаше дека при изборот на членовите на оваа Комисија не биле исклучени партиското и политичкото влијание. Оттаму велат, дека на овој список биле луѓе кои се партиски поврзани, а што се однесува до гласањето, велат ќе бидат воздржани и тоа поради начинот на изборот.

За владејачкото мнозинство, нема дилеми дека овој предлог-состав на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација е непартиски, неселективен, затоа што, како што велат, наидува на поддршка од цел невладин сектор. Со негласањето, сметаат од власта, ВМРО-ДПМНЕ удрило шлаканица на сите оние граѓани кои, на било кој начин биле дискриминирани во општеството.

Од Комисијата за заштита и спречување на дискриминација потенцираат дека ќе бидат професионално тело, а не, како што велат, како што тоа било случај претходно.

Инаку, дискриминација, согласно законот, е секое разликување, исклучување, ограничување или давање првенство што се заснова на дискриминаторска основа, со сторување или несторување, што имаат за цел или резултат спречување, ограничување, признавање, уживање или остварување на правата и слободите на одредено лице или група на еднаква основа со други. Ова ги опфаќа сите форми на дискриминација вклучително и оневозможување на соодветно приспособување и оневозможување на пристапност и достапност на инфраструктурата, добрата и услугите.

Законот ќе се применува и во приватната, и во јавната сфера, и во одредбите од законот експлицитно се наведени областите каде не смее да има дискриминација, меѓу кои, едно од наведените е токму работата и работните односи.

Слични содржини