Грчки медиуми: Заев го доби облогот и се спаси во последната минута

од Nikola Popovski

Грчките медиуми во своите денешни изданија ги коментираа политичките случувања во Македонија, после вчерашната седница во Собранието за гласање (не)доверба на Владата.  „Пораз за опозицијата во Северна Македонија, која не обезбеди 61 пратеник за да го „турне“ Заев“, „Северна Македонија: Како Заев го надмина предлогот за недоверба“, „Северна Македонија: Заев го доби облогот”, „Северна Македонија – Заев се спаси во последната минута“, се само дел од насловите на онлајн изданијата.

Грчката новинска агенција АНА-МПА, во текстот што го пренесуваат електронските изданија на медиумите, детално пишува за вчерашните случувања, коментирајќи дека поради немање кворум пропадна иницијативата за гласање недоверба на Владата на Зоран Заев, но и дека настана „драма со албански пратеник“, јави дописничката на МИА од Атина.

Онлајн изданието на весникот „Прото тема“ коментира дека опозицијата не успеа да обезбеди 61 пратеник, а „одлуката на пратеникот на малата албанска партија БЕСА Кастриот Реџеп да не ја следи партиската линија за пад на Владата на Заев создаде тензична атмосфера“.

Онлајн изданието на весникот „То вима“  пишува дека „продолжува политичкиот трилер во Северна Македонија, а Заев успеа „да остане жив“, бидејќи предлогот на опозицијата за гласање недоверба падна во вода по немањето кворум“.

Слични содржини