Грчката крајбрежна стража соопшти дека во текот на едно деноноќие спасила 542 лица во морските води во 12 спасувачки операции покрај островите Лезбос, Хиос, Самос, Агатониси и Фармакониси.

beg

Властите инфромираа дека дрвен брод со 100 луѓе денеска се насукал на малиот остров Лерос и сите патници се спасени.

Крајбрежната стража синоќа спасила 56 лица во близина на островот Лезбос, при што загинало едногодишно дете.

Слични содржини