Груби: Има многу членови во ВМРО-ДПМНЕ кои влегоа како „голтари“, а излегоа како милионери

од Берта Китинска

Има многу членови во ВМРО-ДПМНЕ кои влегоа како „голтари“, а излегоа како милионери од политиката, рече во дебатниот магазин Клик Плус на ТВ21 првиот вицепремиер Артан Груби.

„Еден ден после изјавата на Мицкоски дека во политика денес политичари влегуваат како „голтари“, а излегуваат како милионери. На ова Груби изјави дека ДУИ се единствена партија која нема корупциски афери и скандали. Го повикувам Мицкоски да се обрати до обвинителство ако има докази за корупција. Тоа што Мицкоски го зборува може да земе пример од неговите поранешни партиски членови, кои влегоа „голтари“ а излегоа милионери од политиката“, рече Груби.

Тој претходно рече дека не го познава доволно Мицкоски, но изрази надеж дека тој е за членство во ЕУ.

„Нас ни треба опозиција која не се среќава со рускиот амбасадор. Без разлика што Апасиев се сретна со него, но сепак сакам да верувам дека ВМРО не се во коалиција со Левица. Сакам да верувам дека опозицијата е ориентирана кон западните вредности. Не го познавам од ова ВМРО ДПМНЕ, не го познавам доволно добро Мицкоски и не знам какви вредности споделува Мицкоски, но сакам да верувам дека споделуваме исти вредности“, додаде Груби.

Слични содржини