Груби: Мерко повторно ќе се кандидира за градоначалник на Струга, очекуваме да го гласаат и Македонците

од Nikola Popovski

„Рамиз Мерко ќе биде повторно кандидат за градоначалник на општина Струга. Ова е порака што ја испраќам од господинот Ахмети“, изјави денеска првиот вицепремиер Артан Груби по панел-дискусијата„…после Охридскиот рамковен договор“, во Струга.

Според него, Мерко ја заслужил кандидатурата со работата и довербата кај граѓаните.

„Нема улици или булевари каде не се работи. Се инвестира многу исто така и затоа сметам дека апсолутното мнозинство на стружани ќе го поддржат, не само Албанците, туку и Македонците. Тој секогаш кога се кандидирал и победувал и тоа со голема разлика“, рече Груби.

Тој уште еднаш повторно дека зелената агенда на ДУИ ќе биде главната цел на локалните избори во октомври.

Слични содржини