Група тинејџери планирале ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАДИ во Хонг Конг (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Властите во Хонг Конг денес потврдија дека се уапсени девет лица, вклучително и група тинејџери, за наводен терористички заговор.

Денеска полицијата уапси девет лица, вклучително и шестмина средношколци, за наводен терористички заговор, а сите членови на групата се на возраст од 15 до 39 години.

Според полицијата, лицата планирале да постават експлозивни направи во судови, тунели, на пруги и во канти за ѓубре, со цел да нанесат што е можно поголема социјална штета и да предизвикаат општа паника.

Полицијата соопшти дека запленила експлозив ТАТП во хотелска соба, којa се користел како лабораторија за состојки потребни за производство на бомби, а од оваа група биле откриени и запленети околу 77.000 долари.

Непосредно пред апсењето, премиерот на Хонг Конг, Кери Лам, предупреди на „незаконски идеи“ кои се шират низ градот и ги повика наставниците, родителите и верските водачи да го следат однесувањето на тинејџерите и да пријават каква било сомнителна активност која ќе ја забележат.

Оваа група е обвинета според Законот за национална безбедност, на кој властите се повикувале и за време на сузбивањето на продемократските протести организирани главно од млади активисти.

Апсењата се случија на годишнината од предавањето на поранешната британска колонија на кинеските власти и 100-годишнината од основањето на Комунистичката партија на Кина.

Слични содржини