Ѓукановиќ: Не одам во Сараево, но доаѓам во Сребреница ако ме поканат

од Nikola Popovski

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ изјави дека нема да го посети Сараево, но дека доколку биде поканет, тој ќе присуствува на годишнината од масакрот во Сребреница за да им оддаде почит на жртвите од геноцидот.

„Јас не доаѓам во БиХ на 2 и 3 март, иако двајца членови на Претседателството ме поканија! Додик направи национална претстава и не сакам да бидам дел од таа претстава. Тоа нема да ја загрози врската меѓу Црна Гора и БиХ“, рече Ѓукановиќ во интервјуто за сараевската ТВ „Face“.

Тој додаде дека доколку биде поканет, ќе дојде во Сребреница на годишнината.

„Со присуството, ќе им покажам и ќе оддадам почит на жртвите од геноцид. Парламентот на Црна Гора беше меѓу првите во светот што ја усвои Резолуцијата за геноцид. Јас реков дека тоа е геноцид, ако треба и со присуство ќе го потврдам“, изјави претседателот на Црна Гора.

Слични содржини