Хајди Клум не го крие ентузијазмот за сопругот: „Том дефинитивно изгледа најдобро гол!“

Откако во 2018 година најде љубов во младиот Том Каулиц, Хајди Клум не може да го сокрие задоволството. Таа призна дека за прв пат во животот се чувствува како да има рамноправен партнер, а откри и што ѝ се допаѓа на неговото тело

од Vladimir Zorba

Еден од најпознатите германски манекенки во 2018 година се заљуби во германски музичар, а нивната љубов цвета и денес. Хајди Клум се омажи по трет пат на почетокот на 2019 година, а дури четири години подоцна не ја крие фасцинацијата и занесот од шеснаесет години помладиот Том Каулиц.

„Јас сум еднставно многу посреќна личност. За прв пат имам партнер со кој можам да разговарам за се. Некој кој ги споделува должностите што сите ги имаме во животот. Порано бев сама со се. За прв пат доживеав како е всушност да имаш партнер“, изјави Германецот една година по тајната венчавка.

Клум и Каулиц се запознале додека таа работела на „Germany’s Next Top Model“ и многу брзо сфатиле дека одлично се совпаѓаат.

Тие не се ни трудат да ја сокријат својата љубов, па често можеме да видиме фотографии од парот како разменува нежности, а бакнежите и прегратките во јавност не им се непознати. Шетаат гордо држејќи се за раце, а убавата манекенка неодамна за People открила за задоволството од неговиот изглед.

„Том дефинитивно изгледа најдобро гол!“, рече таа низ смеа и додаде: „Не, тој изгледа добро во се. Тој е… Мислам дека е супер убав, и во моментов вели: „Ох, јас сум малку буцкаст“. Навистина ми се допаѓа кога е малку буцкав, да бидам искрена . Јас имам 50. Не сакам тој да има 34 години и да биде „претерано извајан“. Не сакам некој кој цел ден се грижи за своите мускули. За мене, мажествено е кога има нешто… вишок“.

Се сети и како тој и кажал дека не му пречат неколку килограми вишок на неа, што за неа тогаш беше неприфатливо.

„Кога ме запозна, ми рече: „Секогаш можеш да јадеш малку повеќе“. Му реков: „Што зборуваш?“ Гледајќи наназад, бев многу послаба отколку што сум денес. Кога си модел… веројатно повеќе вежбав. Трчав надвор, џогирав и сето тоа. Во последните неколку години, а особено откако го запознав, сум многу поопуштена“, изјави Германката.

Иако е склона кон модни експерименти, таа откри и кој е омилениот изглед на нејзиниот сопруг – русокоса, со шишки и во мини здолниште!

Слични содржини