Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и заменик претседателот на партијата, Радмила Шекеринска утрово се сретнаа со германскиот специјален пратеник за Македонија, Јоханес Хајндл во германската амбасада во Скопје.
На средбата се очекува да се разговара за политичката криза во Македонија и начините како би можела таа да се реши.
По средбата со челниците на СДСМ, Хајндл во 9.30 ќе има средба со лидерот на ДПА, Мендух Тачи, а во 10.30 и со претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
Вчера, германскиот специјален пратеник се сретна со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски , со министерот за надворешни работи Никола Попоски и американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли.
Се очекува попладнево Хајндл да се сретне и со евроамбасадорот Аиво Орав, по што ќе ја заврши дводневната посета на Македонија./извор Мета