Хајредини: Со ребалансот власта ќе има пари да го неутрализира незадоволството кај одредени слоеви население

од Vladimir Zorba

Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини се сомнева во најавите на Владата  дека со новото прекројување на буџетката каса во целост ќе се ублажат последиците од кризата.

„Мене ми изгледа  многу популистичка и демагошка најавата дека  ќе се намалат 200 милиони непродуктивни трошоци кои ќе бидат наменети за најпогодените сиромашни слоеви од населението“, вели Хајредини во интервју за „Локално“, забележувајќи дека нема пресметки како тие пари навистина ќе се заштедат.

Скептик  е и во делот на како што вели „мантрата наречена развоен буџет“ која  ја слушаме 30 години.

Потсетува дека парите за  капитални инвестиции  отсекогаш биле премногу мали, а иронијатата особено ја препознава во фактот што тие никогаш не се трошат поради слабостите на државните институции.

Средствата  од новиот заем од ММФ ќе се користат за крпење на долгови“, вели Хјредини, посочуваќи го примерот со автопатот Кичево- Охрид.

Оттука според него, тука нема да биде крајот на задолжувањата.

„Мислам дека Македонија премногу се задолжува во странство и ќе биде принудена и во иднина  тоа да го прави бидејќи  овие средства не ги насочуваме за развој на економијата“, предупредува тој.

Според него, нема да биде чудно доколку до крајот  на годината  повторно се соочиме со ребаланс и кратење на парите за капиталните инвестиции. Едно од решенијата, според него, е да се намали  администрацијата на начин како што тоа го стори англискиот премиер Борис Џонсон.

Дали ребалансот на буџетот ќе успее да ги ублажи последиците од кризата или пак, како што предупредува опозицијата,  уште  повеќе ќе ја продлабочи?

-Ребалансот како таков сигурно не може да ја продлабочи кризата. Целта е да дојде до прераспределба на намените на определени позиции во буџетот.Од кога паметиме, ние имаме ребаланс, разликата е што овој се случи малку порано. Сега е ситуацијата таква поради што веројатно има потреба да се интервенира некаде во однос на првобитната состојба во буџетот.Меѓутоа, мене ми изгледа  многу популистичка и демагошка најавата дека со ребалансот за 200 милиони евра  ќе се намалат непродуктивните расходи кои ќе бидат наменети за најпогодените сиромашни слоеви од населението. Оваа одлука не се поткрепува со никакви конкретни пресметки за да се убедат граѓаните дека тоа навистина така ќе се случи и овие пари ќе се заштедат. Никаде не постои спецификација за тоа кои се тие расходи кои  ќе бидат намалени и во кој период,  за граѓаните навистина да можат да закклучат дека некои минатогодишни  трошоци тогаш изнесувале  „толку“, а сега изнесуваат „волку“.Ова ми наликува на декларативна најава  со единствена прогандна цел.

Дали според Вас, овој ребаланс укажува дека буџетот ќе биде развоен или пак “трошаџиски’’?

-Апсолутно трошаџиски. Оваа мантра наречена  “развоен буџет’’ се повторува 30 години и не е точна.Зошто тоа го велам?Парите за инвестиции во буџетот одсекогаш биле премногу мали движејќи се од 300 -500 милиони евра.Иронијата е во фактот што тие никогаш не се ни трошат поради слабостите на државните институции овие пари да ги црпат и да ги трошат.Ваквата ситуација се повторува со години, и затоа нема да биде чудно повторно кон крајот на годината да се појави потреба од ребалас и овие пари повторно да се намалат. Оттука, од кога постојат во теоријата и практиката, буџетите се наменети пред се за покривање на трошоците на државата, социјалните потреби и државната администрација. Оваа влада доколку сакаше да докаже дека навистина се стреми кон намалување на последиците од кризата требаше да го следи примерот на англискиот премиер Борис Џонсон кој ја намали администрацијата за 93.000 вработени. Тука се случува спротивното бидеќи и онака гломазната администрација постојано се зголемува. Сега власта ќе има пари да го неутрализира незадоволството кај одредени слоеви население. Тука се секако и  средствата од меѓународниот монетарен фонд но  тие треба да се вратат за две години, па оттука на Македонија и претстои понатамошно задолжување во странство бидејќи нема пари да ги покрие стасаните ануитети и обврски од претходното.На овој начин, парите повторно ќе се користат за враќање долгови и за “крпење’’.

Со оглед на ова што го велите,дали ребалансот најавува уште поголема економска криза?

-Не знам што подразбирате под поголема економска криза.Поголема од оваа што сега ја имаме….? Ние ќе имаме криза бидејќи се задолжуваме премногу во странство, Нема да можат да ги покриваат расходите коишто ги најавуваат (инвестиции, градби, автопатот Кичево-Охрид). Тоа се длабоки буџетски дупки, а јавноста не е информирана за обврските кон кинеската банка и за огромните износи кои треба да се вратат.Видовте, дека од  претходно најавените 300 милиони евра за таа намена сега се предвидуваат 600 милиони евра. Тоа нема крај.Мислам дека Македонија премногу се задолжува во странство и ќе биде принудена и во иднина  тоа да го прави за да ги врати овие пари бидејќи не се задолжуваме за развој на економијата, за инвестирање кое ќе помогне во растот на бруто домашниот производкој би бил поголем од каматата на овие долгови. Затоа, предвидувам понатамошно влошување на финансиската состојба на државата.

Синдикатите се незадоволни од ребалансот бидеќи велат, ги нема ветените пари за зголемување на платите.Се изјаловија ли ветувањата за повисок личен доход?

-Зголемувањето на платите ќе стапи на сила во септември. Поради зголемувањето на минималната плата, власта сега ќе се соочи со притисок и од другите категории население.Затоа, сега ќе се користат парите од Меѓународниот монетарен фонд.Образованието е многу важно за секоја држава и сметам дека вработените таму треба да го добијат бараното покачување.

Но покачување бараат сите. Како да се одговори на сите барања?

-Нека ги намалат административците на кои дома им праќаат пари. Неопходно е внатрешно преструктурирање. Луѓето кои беа на список на првиот заменик премиер повторно немаат работа.Целиот процес е политички.

К.В.С.

Слични содржини