Хакерски напад врз украински банки, Министерството за одбрана и вооружените сили

од Nikola Popovski

Украинските банки Приватбанк и Ошадбанк, како и Министерството за одбрана и веб-страницата на Вооружените сили на Украина попладнево беа цел на хакерски напади, пишува Украинска правда.

Забележано е дека нападот се разликува од неодамнешниот во јануари. Корисниците пријавуваат дека некои немаат пристап до интернет банкарство, други можат да се логираат, но не можат да вршат трансакции.

Органите за спроведување на законот прецизираа дека сајбер нападот бил многу моќен и дека започнал во 15 часот.

Министерството за одбрана го потврди хакерскиот напад на нивниот сајт. Приватбанк и Сбербанк известија дека продолжиле да работат, но очекуваат дека таквите напади ќе продолжат.

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан изјави дека Русија може да започне воена акција против Украина секој ден и дека нападот може да има различни форми.

Ноќта на 14 јануари, хакери хакираа неколку владини веб-страници, посебно Министерството за образование, Министерството за надворешни работи, порталот Дија итн и ја објавија својата порака на три јазици – украински, руски и полски.

Владини експерти тврдат дека хакерскиот напад на сајтовите на украинската влада ноќта на 14 јануари бил извршен од Русија.

Потсетиме, кога Русија незаконски го анектираше Крим од Украина во 2014 година, хакерите поддржани од Кремљ, исто така, започнаа сајбер напади за да ги дестабилизираат комуникациите и да шират конфузија додека војниците го преплавија полуостровот.

Истата година беше откриено дека хакери настроени кон Кремљ упаднале во украинскиот гласачки систем пред националните избори, уништувајќи го софтверот.

Слични содржини