Хаос на улиците во Атина по железничката несреќа: Полицијата фрли солзавец врз демонстрантите, бројот на жртвите расте

од Vladimir Zorba

Над десетина граѓани вечерва се собраа на плоштадот пред железничката станица во Лариса во знак на протест поради железничката несреќа во која загинаа најмалку 43 лица.

Со транспаренти во рацете запалија свеќи во спомен на сите жртви од страшната несреќа, пишува Прототема.

Во меѓувреме на улиците на Атина избувнаа немири. Голем број демонстранти излегоа на улиците гневни на Владата што ја приватизираше железничката компанија „Hellenic Train“, која во моментов работи со патнички и товарни возови.

Полицијата се обиде да ги спречи демонстрантите со солзавец.

Поради трагедијата во Грција е прогласена тридневна жалост.

Причината за несреќата се уште не е позната, а истрагата ќе треба да одговори на прашањето како е можно двата воза кои се судриле да поминат цел километар по ист колосек.

Ова е најтешката сообраќајна несреќа во Грција во последните неколку децении.

Слични содржини