Хари и Меган повеќе нема да даваат негативни коментари за кралското семејство, а еве и зошто

од Stefanija Kuzmanovska

Принцот Хари и Меган Маркл повеќе нема да зборуваат негативни работи за кралското семејство, наведоа британските таблоиди.

Според Daily Mail, принцот Хари и Меган Маркл ја донеле оваа одлука само затоа што веќе немаат ништо ново и лошо да кажат за кралското семејство. Сите негативни детали веќе ги споделија со медиумите.

Ќе престанат со какви било дополнителни документарни филмови, објавување мемоари и нема да даваат интервјуа на оваа тема бидејќи сметаат дека доволно кажале во претходните години.

Тие сега одлучиле да се посветат на својот деловен живот кој ќе го градат далеку од очите на јавноста и овој период од нивниот живот е завршен.

Слични содржини