Ходаи: Над 8000 матуранти бојкотираат, од МОН имаат контрадикторни тврдења

од Nikola Popovski

„Над 8000 матуранти бојкотираат, но вечерва треба да одлучиме што ќе се направи од утре, затоа што бојкот имаме веќе две недели, немаме резултат и имаме затворени врати од институциите“, вели претседателот на Сојузот на средношколци, Бленди Ходаи за емисијата „Топ тема“.

Според него, тврдењето на МОН дека 14.000 матуранти ја поддржуваат концепцијата на државната матура е еден контрадикторен аргумент затоа што со законски рок до 31 декември имаа да ги пријават испитите што треба да се полагаат за државната матура.

„Последен пат со министерката сме се сретнале еден ден пред бојкотот на 20 јануари, каде не најдовме компромис. Нашиот став е да се намали бројот на предмети, а ставот на министерството беше дека нема време да се направат промени во концепцијата на државната матура. Повеќе нема да имаме состаноци со неа или некој од МОН, затоа што немаат ефект таквите средби“, посочува Хондаи.

Слични содржини