Хоџа доби признание: Заедно со вас земјоделците ќе продолжам уште по посветено да работам

од Nikola Popovski

Денеска, во Битола се одржа Mанифестацијата за „Избор на најуспешни во областа на земјоделството“, во организација на здружението „Современо Земјоделство“ и со финансиска поддршка од МЗШВ. Ми беше чест да присусутвувам на настан кој вредноста на земјоделецот ја издига на највисоко ниво. Трета година по ред, се доделуваат признанија за најуспешните земјоделци, агробизнисмени и институции од различни области, информира министерот за земјоделство, Аријанит Хоџа на социјалните мрежи.

Тој објави дека на денешното доделување на признанија за најуспешни земјоделци и него му било доделено „Признание за професионалност на инситуцијата и пријател на земјоделците“.

-Почестен сум за овој назив – пријател на земјоделците бидејќи за мене тоа е најголем комплимент. Функциите се минливи но останува сработеното и најмногу искрениот однос кон работата. Јас сум привилигиран што можам да работам во сектор кој опфаќа 200 000 земјоделски семејства, а на многу од нив земјоделското производство им е единсвен извор на егзистенција. А знаеме сите колку е тешко и неизвесно. Јас ве уверувам дека заедно со вас, земјоделците ќе продолжам уште по посветено да работам, наведува Хоџа.

Слични содржини