ХОРОР ВО ГРЦИЈА: Во шума пронајдени 18 јагленосани тела

од Stefanija Kuzmanovska

Во шума во селото Дадија во Еврос, Грција, се пронајдени 18 јагленосани тела.

Шумата гори од вчера, а како што јави Prototema.gr, пронајдени се најмалку 18 јагленосани тела на мигранти.

Според информациите, телата на жртвите се пронајдени во две групи, а истрагата е во тек. Според претставникот на противпожарната служба, Јанис Артопиорос, „се истражува можноста тие да влегле илегално во земјата“.

Во шумата Дадија во понеделникот напладне избувна пожар, а противпожарната единица се обиде да го угаси пред да се прошири.

Заменик-регионалниот гувернер за АПЕ-МПЕ изјавил дека се работи за пожар кој од засега непозната причина се случил на оддалеченост од другите пожари кои се во тек на локацијата Гибрен.

Слични содржини