ХОРОР ВО ТОРОНТО: Пукање на роденденска забава, три деца повредени! (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Три деца се повредени во пукање на роденденска забава на отворено, што се случи во западниот дел на Торонто, објави канадската полиција.

Официјалниот претставник на полицијата во Торонто, Кели Скинер, изјави дека едногодишно момче, петгодишно девојче и 11 годишно момче се повредени, објави АП.

Таа не прецизираше во каква состојба се повредените деца, но лекарите претходно соопштија дека едното дете е во опасност, додека другото е во тешка состојба. Третото дете се здобило со полесни повреди.

Во пукањето е рането и 23-годишно момче.

Скинер изјави дека децата не биле цел на нападот, како и дека полицијата трага по „повеќе осомничени“, но информациите за нив сè уште не се објавени.

Слични содржини