Хоспитализирано петгодишно девојче: Пожарите во Италија НЕ СТИВНУВААТ

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку пет лица се повредени, а туристите се евакуирани откако пожарите уништија борова шума во близина на плажа во Пескара, Италија.

Петгодишно девојче беше хоспитализирано, но нејзиниот живот не е во опасност, пишува „Гардијан“.

Околу 800 луѓе беа евакуирани од своите домови, вклучително и еден манастир, откако избувна пожар во природен резерват од 53 хектари.

– Моравме да евакуираме неколку домови и одморалишта на плажа поради чадот, изјави градоначалникот на Пескара, Карло Маски.

– Најголем проблем е топлиот ветер. Правиме се што е во наша моќ да ја намалиме штетата, додаде тој.

Викендов се регистрирани повеќе од 800 пожари, претежно на југот, соопшти италијанската Национална противпожарна служба.

Слични содржини