Хуманоста во време на коронавирус

од Ивана Рамаданова

Хуманите потези во време на корона вирусот уште еднаш покажа како треба да се биде општествено одговорен и солидарен према оние на кои тоа им е најпотребно.

Деновиве често се појавуваат соопштенија и апели од физички и приватни лица кои сакаат и се спремни да им помогнат на загрозените од коронавирусот.

Една од нив е пекара „ДИМАН“ која реши во знак за поддршка и огромна лагодарност,  да донира појадок за вработените на инфективна клиника.

„Во овие моменти, кога грижата за другите е исто толку важна како и онаа за себе, ПЕКАРА ДИМАН која се наоѓа во Општина Центар, одлучи да донира појадок од својот широк асортиман за вработените на Инфективна Клиника во Скопје, во знак за поддршка и оргомна благодарност кон луѓето коишто несебично се залагаат и пожртвувано работат за доброто на сите. Со ова Пекара Диман сака да ги поттикне и останатите компании да ја препознаат иницијативата и да ја покажат својата хуманост на дело. Бидејќи во оваа ситуација, навистина од секого зависи“, се вели во нивното соопштение.

Казино „Фламинго“ Хотел Гевгелија ги нуди своите капацитети за изолација или карантин.

„Ги информираме Владата, Министерството за здравство и Општина Гевгелија дека во интерес на здравјето на граѓаните и за полесно справување на државните институции со предизвиците околу ширењето на корона вирусот, ги ставаме на располагање своите ресурси“, велат од Фламинго.

Од таму наведуваат дека имаат на располагање 17 апартмани и 42 соби од кои една за лица со посебни потреби кои можат да се користат како место за изолација или карантин, а хотелот може месечно да одржува 7.000 килограми чиста постелнина по најсовремени стандарди.

„Персоналот во хотелскиот ресторан може да подготвува 1.500 оброци дневно, а истовремено во овој момент располагаме со 2.000 килограми свежо овошје и зеленчук, како и 2.000 јајца кои сме подготвени да ги донираме онаму каде што ќе одлучи Владата“, пишува во соопштението од „Фламинго“.

Оттаму додаваат дека се подготвени за соработка со надлежните државни институции за претходна подготовка и инспекција на вработените и на просторот согласно сите епидемилошки најстроги критериуми.

„Сметаме дека во овие тешки моменти, кои освен закана за здравјето, предизвикуваат и економски последици за граѓаните и државата, наша должност е да се однесуваме одговорно и во служба на јавниот интерес“, велат од казино „Фламинго“.

Кафе Номад на нивниот профил на Facebook објавија дека медицинскиот персонал на комплекс клиники Мајка Тереза ќе може да се освежи и да испие кафе бесплатно во наредниот период.

„Ова е само мал допринос и благодарност за вашата несебичност и пожртвуваност што ја правите за нас во овие моменти“ – пишуваат од „Номад“.
Еден туристички бизнисмени во Скопје реши својот хостел да им го понуди на сите  дебарчани кои се „заглавени“ во Скопје поради новонастанатата ситуација.

Слични содржини