И натаму топло со локален краткотраен дожд и ретки грмежи попладне

од Vladimir Zorba

Времето  во Македонија ќе биде сончево со мала доумерена облачност. Попладне во западните делови ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи.  Ќе дува слаб ветер од променлив правец.Утринската температура ќе се движи од 14 до 22, а дневната до 32 до 38 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала доумерена облачност и со слаб ветер од севрозападен правец Утринската температура ќе биде околу 21, а дневната ќе достигне до 38 степени.

sonce-22-07

МАКЕДОНИЈА во наредните денови:

Во четврток и петок ќе биде претежно сончево со локална облачност и многу топло. По попладневните и во вечерните часови услови за локални врнежи од дожд ќе има во северозападните, западните и југозападните предели. Се работи за сосема слаби врнежи. Максималните температури ќе се движаѕт од 28 до 39 степени.

Во сабота претежно сончево со локална облачност и многу топло. Во попладневните часови услови за слаби врнежи ќе има во северозападните и западните предели. Утринските температури од 12 до 24 степени, а максималните ќе достигнат до 29 односно до 39 степени.

Слични содржини