Идентификуван напаѓачот од Тел Авив, повредени најмалку осум лица

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку осум лица се повредени, од кои тројца потешко, во нападот во Тел Авив, соопшти денеска локалната полиција, оценувајќи дека се работи за „терористички напад“.

Тие, наводно, биле повредени откако напаѓачот со својот пикап удрил во луѓе на тротоар, а потоа излегол и избодел други, објави Jerusalem Post.

Израелските медиуми го идентификуваа напаѓачот како 20-годишниот Палестинец Хасин Калил од градот Ас Саму на јужниот Западен Брег.

Слични содржини