Илијовски: Некој како да сака смислено да останеме во мочуриштето од лажни вести околу изградбата на мега проектот за Скопски Менхетен

од Vladimir Zorba

„Тотално непознавање на закони и процедури. Некој како да сака смислено да останеме во мочуриштето од лажни вести и глупости кои се тресат околу изградбата на мега проектот за Скопски Менхетен“, пишува адвокатот Илија Илијовски на својот Фејсбук профил.

„Разберете веќе еднаш, согласно Закон за просторно и урбанистичко планирање, определен ДУП не може да се суспендира, стави вон сила или поништи. Тој што го донел, а во случајов општината, може само да го замени со нов ДУП или да го измени постоечкиот ДУП, за што исто така има законска процедура.

Актуелниот ДУП за локалитет Ц 08, како и актуелниот ГУП во кој овој ДУП е целосно вклопен, се донесени во законски предвидени и пред се транспарентни постапки. Така би се носеле и евентуалните нивни измени.

Ве молам да не ги замајувате граѓаните на Центар и Скопје со тоа дека некој може да прави или прави нешто спротивно на закон. Не вршете притисок врз Саша Богдановиќ и не се однесувајте како да сте паднати од марс“, додава тој.

Слични содржини