„Има уште надеж за нас“: Потресни сцени од Грција ја покажуваат човечката хуманост (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Драматични сцени од грчките острови Родос, Крф и Евија, како и некои други области во оваа земја не престануваат со денови поради пожарите кои беснеат веќе 10 дена.

Борејќи се со огнената стихија, на социјалните мрежи се појавија фотографии кои покажуваат дека хуманите луѓе и во овие тешки времиња не заборавиле на животните.

На Фејсбук страницата „Временски вести на Грција“ неодамна беа објавени ветувачки фотографии на кои јасно се гледа дека луѓето во сета неволја во која се нашле поради пожарот, своето внимание го насочиле и кон животните – ставаат храна и вода за гладните на безбедни места и жедните елени, пишува „Блиц“.

На фотографиите се прикажани исечени лубеници, моркови и кофи полни со вода поставени покрај сега веќе безбедниот пат, кои се таму за да им помогнат на жедните и исплашени животни во ситуацијата во која се наоѓаат.

„Има надеж за нас“

Фотографиите брзо се проширија на интернет, а глетката воодушеви, но и расплака многумина.

„Има уште надеж за нас“, „Ви благодарам за ова“, „Мило ми е што не заборавивте на животните“, „Хуманост на дело“, „Браво за сите“, „Боже мој, ми го крши срцето да размислувам низ што минуваат невините животни“, беа само дел од коментарите под фотографиите.

Да потсетиме, пожарите во Грција беснеат веќе десетти ден, а најкритично е на Родос. Поради ваквата состојба во Грција е издадено предупредување за екстремно високи температури и пожари, но и за невремето кое се подготвува во оваа земја. И неодамнешното спасување на срна од страна на пожарникарите на Родос покажува дека хуманоста на луѓето е на високо ниво.

Слични содржини