Актуелно
Почетна / Македонија / Имаат ли легитимитет ДУИ и понатаму да се претставуваат како едниствени претставници на Албанците?

Имаат ли легитимитет ДУИ и понатаму да се претставуваат како едниствени претставници на Албанците?

Додека дел од партиите се на одмор, други спроведуваат „пробни балони“ за ново парламентарно мнозинство.

Официјалните резултати од предвремените парламентарни избори нудат голем број комбинации. Според аналитичарите, за составот на новата влада јасно е дека сите политички партии кои немаат проевропски политики и про НАТО заложби се осудени да станат комплетно нерелевантни аутсајдери во политиката.

За „платформата“  на ДУИ со која по етничка основа се бара таа да биде единствената што ќе преговара за влез во новата Влада, тие коментираат дека промовирањето на политика исклучиво по етнички клуч, е целосно неприфатливо и ирационално со самиот факт дека од партијата сакаат да диктираат во албанскиот блок.

Кампањата за прв премиер Албанец на ДУИ според нашите соговорници успешно помина како една голема лага или голема приказна” .

-ДУИ е претпознатлива по успешните политички кампањи уште во 2002 година не изненадија со  нивните постери и најразлични ефекти успеаа да бидат меѓу најдобрите. И секогаш кога ќе помислиме дека ќе имаат послаба кампања тие секогаш не изненадуваат со нешто ново провокативно. Не им е битно како ќе се прифати ,туку целата е за нив кампањата да се дебатира, во тие моменти не се остава простор за да се збори за нивната улога и нивната работа изминативе години, вели политичкиот аналитичар Исмет Рамадани.

Воедно Рамадани смета дека и последната кампања за идејата за прв премиер Албанец успешно помина.

-Нивна специфика е  тоа што кога се работи за да бидат дел од власта може лесно да се повлечат од своите цели, зошто власта им е се.Тие не знаат воопшто како е да се биде опозиционер, и за нив одењето во опозиција значи пропаст. Значи немаат политичка култура за да можат да се снајдат во опозиција, коментира Рамадани.

Според Рамадани, на ДУИ не треба да им се дозволи да се повикуваат дека се единствени легитимни претставници од Албанците, бидејќи знаат да кажат дека кој не е ДИУ не е Албанец.

-Треба да им се покаже дека има Албанци и од другата страна вистината е дека 18 пратеници се бирани од Албанци кои не се од ДУИ – тука се Алијанса за Албанците, Алтернатива,  Беса, коалицијата „Можеме“. Не треба да им се остави простор тие да манифестираат препотентност дури и ароганција дека се единствените кои ги претставуваат Албанците, вели Рамадани.

За „платформата“  на ДУИ со која по етничка основа се бара таа да биде единствената што ќе преговара за влез во новата Влада , Рамадани смета дека тоа е ирационално однесување со самиот факт дека од партијата сакаат да диктираат во албанскиот блок.

 -Бројките кај другите политички партии тоа не им го дозволува.Сакаат тие да признаат или не Алијанса за Албанците и Алтернатива имаат 12 пратеници од опозиција без манипулации и купување на гласови и без употреба на инструменти.ДУИ не смее и понатаму да се претставуваат како ангели во изборниот процес затоа што нивните постапки веќе се очигледни и како доаѓаат до гласовите, вели Рамадани.

За политичкиот аналитичар Ненад Јовановиќ „туркањето“, на идејата за првиот премиер Албанец не беше клучно на овие избори, туку освоените 15 пратеници на ДУИ во однос на 12-те пратеници на Алијанса за Албанците и Алтернатива.

-ДУИ не е повеќе најважен и најединствен политички фактор за граѓаните Албанци. Верувам дека со „демонополизиацијата“ во Албанскиот блок, Беса, Алијанса и Алтернатива, ќе понудат подобри идеи и концепти за граѓаните Албанци од досегашните на ДУИ.Добро е што СДСМ освои најмногу пратеници, бидејќи граѓаните на оваа земја покажаа во кој правец треба да се движи земјата, а тој правец е јасен: кон Запад, кон Европа и кон НАТО; тој правец исто така е важен затоа што е, и ќе ни понуди – економска стабилност. Кога велам „економска стабилност“, пред се’ мислам на нашите стратешки сојузници и пријатели. Едно е да бидеш поддржан од „чичко Стојан“, а сосема друго е да бидеш поддржан од Германија, Франција, Британија или Америка. Тоа е многу важно во политиката. Во политиката е најважно да имаш пријатели на важни места и во важни држави, вели Jовановиќ.

За  петте столба кои ги најави Османи во преговорите засоставување на нова влада, Јовановиќ вели дека тие се премногу општи, со премногу општи места кои ништо не адресираат и ништо не ни кажуваат.

-Денес главната парадигма во оваа земја е вклучувањето, интеграцијата, а не исклучувањето. И ќе кажам и тоа: Албанците, како и Македонците, Турците, Ромите и сите останати етникуми во земјата имаат најголема идентификација во СДСМ. Затоа што само СДСМ го развива најголемиот концепт последните 30 години во политиката, а тоа е концептот на „Едно општество за сите“. А тоа не е партиски, туку цивилизациски концепт. Сите политички партии кои немаат проевропски политики и про НАТО заложби се осудени сами да се самоукинат или станат комплетно нерелевантни аутсајдери во политиката. Тоа важи и за ДУИ. Тоа важи и за сите политички партии, вели Јовановиќ.

Според Петар Богојески од „Македонски концепт“, ДУИ со својата предизборна кампања еединствената пратија која со голема лага или голема приказна” успеа на изборите.

-ДУИ успеа да мобилизира дел од електроратот на македонските Албанци кои имаа намера да гласаат за друга опција или да не излезат на гласање! Но процентот на гласачи, етнички Албанци мистериозно се зголеми во последниот час од изборниот процес, после 20.00 часот, особено после паѓањето” на електронскиот систем на ДИК. На сите ни е јасно зошто и како!Од друга страна, имаше огромна незаинтересиранот за изборите од страна на Македонците, кои не излегоа да гласаат, а со тоа оставија на партииите да одлучат во нивно име! Кај нас не е важно кој гласа, туку кој брои. Ова беа едни од поскандалозните избори, на кои добивме одобрен” резултат!, објаснува Богојески.

Тој смета и дека промовирањето на политика исклучиво по етнички клуч, е целосно неприфатливо.

-Иднината е во граѓанскиот карактер на оваа држава. ДУИ се однесува како да ги поседува етничките Албанци. Но од друга страна молкот на албанската опозиција и нејзината нејасна стратегија и позиција по низа прашања, особено по однос на прашањето за формирање на Влада, покажува дека проблемот е кај нив, а не во силната иницијатива на ДУИ, објаснува Богојески.

За шпекулациите дека постигнат договор за новата влада помеѓу  коалицијата СДСМ-БЕСА со ДУИ на Али Ахмети, и ДПА, каде ќе се употреби примерот на ротирачки премиер 3 години со 1 година за ДУИ, Богојески вели дека нема суштина во таквите договори

-Наместо да се преговара за формирање на Влада со намален број на министри и нивни заменици, со силен економски тим кој ќе треба да се спротистави на кризата која ни доаѓа во септември, тие го делат колачот како пита до јаболка, без било каква грижа за државниот интерес. Строго на прв план се личните и партиските интереси, а не државните! Но тоа е што е, тоа е изборниот резултат и политичарите кои се избраа, за жал на еден нелегитимен начин, посочи Богојески.

Б.М

 

loading...