Инспектор и полицајци фатија малолетник со нож во ранец

од Nikola Popovski

Полициски лица фатија малолетник со нож во ранец во автобус на ЈСП Скопје.

Во текот на денот во автобус бр.56 на подрачје на Карпош-Скопје, инспектор по малолетници и полициски службеници од ЕВР Карпош кај малолетник од Скопје во училиштен ранец пронашле нож.

Тој бил приведен во Полициската станица Карпош за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Слични содржини