Интересен начин да се прослави трофејот во Лигата на шампионите

од Vladimir Zorba

Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд имаше можеби најголемо внимание во Истанбул од сите учесници во финалниот натпревар од Лигата на шампионите.

Во текот на натпреварот вниманието беше на одбранбените играчи на италијанскиот тим, кои добро си ја завршија работата. Халанд само еднаш имаше добра шанса, но стрелаше во добро пласираниот Андре Онана.

По натпреварот го привлече вниманието на фоторепортерите, поради интересниот начин на кој славеше со својата девојка Изабел Хаугсенг Јохансен, која на теренот се симна со норвешкото знаме.

Додека ја чекаше објавата, Изабел зеде стол од еден од камерманите, а Ерлинг седна на тревата до неа. Тие се однесуваа како да се во средината на нивната дневна соба, а не како најдобриот напаѓач на светот и неговата девојка по освојувањето на најголемиот трофеј на клубот.

Халанд ја откри Изабел на светот за време на минатогодишното светско првенство, а причината е всушност едноставна. Иако се заедно веќе некое време, таа едвај тогаш наполни 18 години. Интересно, и таа е фудбалерка.

Таа го следеше натпреварот во друштво на таткото на Ерлинг, Алф Инге.

Тие се запознале во Норвешка, во малиот Брин, од каде што и двајцата потекнуваат, додека биле членови на младинските категории на истиот клуб. Се претпоставува дека врската ја започнале додека тој беше играч на Борусија Дортмунд.

Ерлинг и Изабел не можат често да се видат во јавност, најмногу затоа што тој не е некој што сака многу излегувања, но одвреме-навреме камерите ги фаќаат во шопинг или во ресторан. Според последните информации Изабел се уште живее во Норвешка.

Слични содржини