Иран: Почина уште еден полковник на Револуционерната гарда

од Stefanija Kuzmanovska

Иран објави соопштение за смртта на уште еден полковник на елитната единица Кудс на нејзината Револуционерна гарда.

Тој е вториот висок офицер од единицата задолжена за надзор на иранските воени операции во странство, кој загина во изминатите две недели.

Повикувајќи се на неименуван функционер во извештајот објавен рано утринава, официјалната новинска агенција ИРНА објави дека полковникот Али Есмаилзадех настрадал „во инцидент во неговата резиденција“ пред неколку дена во градот Карај, 35 километри северозападно од главниот град Техеран.

Во извештајот се негира дека полковникот е убиен, но не се наведуваат детали. Други новински канали блиски до Гардата објавија дека полковникот паднал од покривот или од балконот.

Во мај, двајца непознати напаѓачи на мотор го застрелаа полковникот Хасан Сајед Ходаи во возило пред неговата куќа во Техеран пет пати. Иран ги обвини САД и нивните сојузници, вклучително и Израел, за неговиот атентат.

Вообичаено е Иран да го обвинува Израел за таквите насочени убиства и убиствата на своите нуклеарни научници.

Слични содржини