Иранските хакери објавија мејлови со чувствителни и тајни материјали на албански ШИШ

од Destan Jonuzi

По објавувањето на списокот на вработени во албанската тајна служба -ШИШ, како и податоци за првиот разузнавач Хелидон Бендо, хакерската група „Home Land Justice“ денеска ги објави и неговите мејлови. Според албанските медиуми “има 433 дојдовни мејлови, 253 појдовни мејлови со чувствителни и тајни материјали”.

– Во објавените материјали има тајни информации за секојдневната работа на ШИШ, како и за набавка на опрема за надзор, или за набљудување на силите на непријателските земји, но и извештаи презентирани до Комисијата за безбедност или други обврски. Она што е уште почувствително е откривањето на кореспонденцијата што ја има шефот на ШИШ со агенти на оваа служба или лица кои се регрутираат како соработници, наведува Топ чанел.

Експертите од областа на безбедноста оценуваат дека “ова е најголемата штета направена на ШИШ”. Сега, според нив, секој знае како функционира ШИШ, затоа “држвата мора да итно да интервенира за да ги заштити агентите, да ги смени нивните живеалишта и идентитети”.

– Гледајќи ја кореспонденцијата на шефот на ШИШ, се забележува невнимание и ниска заштита од ризик од кибер-напади, бидејќи има размена на мејлови со трети лица и испраќање чувствителни податоци по електронски пат, наведува телевизијата.

Додава дека објавувањето на овие податоци во PDF формат од хакери, исто така, ги изложува сите корисници на телефони кои ги преземаат овие материјали да станат жртва на овој кибер тероризам. Тоа, бидејќи PDF материјалите лесно се манипулираат и во моментот кога се преземаат на уред, тие го инфицираат со вирус.

Слични содржини