ИСКОРИСТИЈА ОДЛИЧНА МОЖНОСТ: Се очекува оваа земја да биде најголемиот извозник на автомобили во 2023 година

од Stefanija Kuzmanovska

Консултантската компанија AlixPartners објави интересни податоци. Веќе во првиот квартал Кина со 1,07 милиони извезени автомобили ја престигна Јапонија со 954.000 автомобили, а потоа следат Германија (840.000), Јужна Кореја (750.000) и Мексико (741.000).

Од 20,5 милиони продадени автомобили во Кина оваа година, 10,5 милиони возила се произведени од домашни производители – повеќе од половина.

VW, BMW и Mercedes сè повеќе заостануваат на овој важен пазар. Верните кинези не им се доволни, па домашните производители се пробиваат на светскиот пазар и вршат се поголем притисок врз европските производители на автомобили на нивните локални пазари.

Големиот руски пазар се отвори и за кинеските производители откако многу европски, јапонски и корејски производители го напуштија. Додека европските производители сонуваат за електрични автомобили кои чинат околу 25.000 евра, кинеските производители веќе имаат модели кои на локалниот пазар се продаваат за околу 10.000 евра, пишува „HAK“.

Слични содржини