Искрениот Азар: Отсекогаш сум го сакал Реал

од Vlatko K

Офанзивниот халф на Реал Мадрид, Еден Азар продолжи да зборува за евентуалниот негов трансфер во Реал Мадрид, сошто ја подотвори полека својата врата кон шпанскиот гигант.

Познат факт е дека 13-кратниот европски шампион има голема желба да го привлече халфот на „сините“.

По Мундијалот 2018, Белгиецот изјави дека неговиот сон е еден ден да го носи дресот на „кралскиот клуб“.

„Неодамна преговаравме со Челзи, но тоа заврши. Сега чекаме“, изјави Азар за француско радио.

Кога го прашаа за неговата иднина, тој се довери: „Сè уште не знам ништо.

Новиот менаџер гледа на фудбал како мене, па ќе видиме.

Моето семејство е во Лондон, а јас ќе наполнам 28 години.

Не сакам да жалам ништо на крајот од мојата кариера. Ова е важна одлука за мене, што треба да ја
направам“, вели Азар.

„Знаете дека секогаш сум го сакал Реал Мадрид, дури и пред Зинедин Зидан.

Ќе видиме што ќе се случи“, додаде тој.

„Како што реков, јас сум подготвен да ја завршам кариерата на Челзи.

Имам договор за уште една година“, заклучи Еден Азар.

 

Слични содржини