Истече рокот на понудата на Манчестер Јунајтед за Де Јонг

од Vladimir Zorba

Веројатноста Френки де Јонг да се пресели во Манчестер Јунајтед е се помала, откако последните информации говорат дека понудата на клубот за играчот повеќе не важи.

Зборувајќи за подкастот на De Telegraaf, новинарот Марсел ван дер Каан објави дека играчот од средниот ред на Барселона добил рок од англиската страна да ја прифати нивната понуда, но тој не го сторил тоа.

Холанѓанецот не се ни согласи со условите кои му беа понудени, не само што не одговори навреме.

Во текот на целото лето Јунајтед и Челси се обидуваа да го добијат играчот, откако веќе ги прифатија понудите од Барса вредни 75 милиони евра, односно 80 милиони, но самиот Де Јонг не сака да си замине од „Камп Ноу“.

Манчестер Јунајтед сега има опција да испрати нова понуда за Де Јонг.

Слични содржини