Истекување на отровен гас во Јордан: Има жртви и троцифрен број на повредени

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку 13 лица загинаа, а околу 250 се повредени при истекување на отровен гас во пристаништето Акаба на југот на Јордан, соопштија денеска властите.

Според портпаролот на Управата за јавна безбедност, истекувањето дошло вчера откако цистерна со 25 тони хлор паднала од кран при транспорт во пристаништето, на североисточниот брег на Црвеното Море, пренесува АП.

Акаба има 188.000 жители, а околу 50.000 живеат во Еилат. Двата града се поврзани со копнеен граничен премин.

Слични содржини