Историската комисија нема да се согласи на „квази-историски” аргументи, вели Пендаровски

од Берта Китинска

Македонските членови на Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања со Бугарија нема да се согласат за ниеден „квази-историски” или „квази политички” аргументи, какви што често доаѓаат од Софија, смета претседателот на државата Стево Пендаровски.

– Станува збор за Препораки кои се договорени пред три години, зад кои стои целиот состав на нашиот дел од Комисијата. И ако после вчерашното образложување на сите тие Препораки од македонската страна на Комисијата на некого не му е јасно дека станува збор за препораки, кои со ништо не задираат во македонскиот јазик и идентитет, тогаш за тие луѓе, кои и после ова не разбираат, нема спас, изјави Пендаровски.

Слични содржини