Истрага против државјанин на С. Македонија кој избодел пет момчиња во Вараждин

од Stefanija Kuzmanovska

Жупаниското државно правобранителство во Вараждин донесе решение за спроведување истражна постапка против 23-годишен државјанин на Северна Македонија за обид за убиство и четири кривични дела за обид за тешка телесна повреда.

-Постои основано сомнение дека обвинетиот 23-годишник на 28.04.2022 година околу 3 часот по полноќ на улица во центарот на Вараждин двапати прободел по телото 23-годишник и му нанел тешки повреди. Постои основано сомнение дека во истата прилика со нож избодел уште четири жртви и им нанел телесни повреди – велат во Државното правобранителство.

Истражниот судија на Жупанискиот суд во Вараждин го усвои предлогот на државниот правобранител и на обвинетиот му изрече мерка притвор поради опасност од бегство и недозволиво влијание врз сведоците во истрагата и поради опасност од повторување.

Слични содржини