Италија: Владата ќе ги брише податоците од апликација за следење заразени со коронавирусот

од Aleksandar Petrovski

Италијанската Влада издаде указ со кој податоците собрани преку мобилна апликација што го олеснуваат следењето лица кои биле во близок контакт со заразени лица од коронавирусот, ќе бидат целосно анонимни. Покрај тоа, сите тие податоци ќе бидат избришани до крајот на годината.

Премиерот Џузепе Конте изјави по вчерашната седница на кабинетот, кој го одобри законот во форма на декрет, дека тој лично ќе осигура дека оние што одбиваат да ја користат телефонската апликација нема да бидат предмет на ограничувања за движењето или нивните други права.

Здравствените власти во државата охрабруваат употреба на апликацијата како клучна алатка против ширењето на коронавирусот и против втор бран зарази.

Владата, исто така, одлучи дека секое барање за куќен затвор на осудените мафијаши по основ на Ковид-19 треба да биде одобрено од Обвинителството, а ако се работи за криминални шефови, од страна на националниот анти-мафијашки обвинител. Таа одлука се донесе откако обвинителите изразија загриженост дека мафијаши може да ја користат пандемијата за да излезат од затвор.

Слични содржини