Избодени четири лица во Норвешка, на местото на настанот амбулантни возила и хеликоптери

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку четири лица, од кои едно потешко, се повредени во напад со нож во Норвешка, соопшти полицијата.

Според медиумите, дојавата за нападот полицијата ја добила околу 8:47 часот по локално време.

Очевидец тврди дека на лице место имало неколку амбулантни возила и три хеликоптери.

На местото на настанот биле повикани и пожарникари, чиј шеф тврди дека полицијата во меѓувреме успеала да го совлада напаѓачот.

– Успеаја да го фатат, имаат контрола врз него. Тоа е се што знам засега – изјавил шефот на противпожарната служба.

Слични содржини