Избори во Грција: Анкетите укажуваат на предност на Нова Демократија на Мицотакис

од Stefanija Kuzmanovska

Нова Демократија, конзервативна партија на премиерот Кирјакос Мицотакис, е водство, покажуваат излезните анкети по денешните парламентарни избори во Грција. Но, малку веројатно е дека ќе освои доволно мандати во парламентот за самата да формира влада, пренесува „Асошиејтед прес“.

Според податоците на излезните анкети, гласовите на бирачите се распоредени на следниот начин:

Нова Демократија 36 – 40 %

СИРИЗА-Прогресивен сојуз 25 – 29 %

ПАСОК-Кинал 9,5 – 12,5 %

Комунистичка партија 6-8 %

Грчко решение 3,5 – 5,5 %

МеРА25 2,5 – 4,5 %

Плефси Елефтериас 2,2 – 4,2 %

Останати партии 4,8 – 6,8 %

Избирачките места во Грција беа затворени во 19 часот по локално време, односно во 18 часот по средноевропско време.

Доколку официјалните резултати бидат во рамки со излезните анкети, Мицотакис ќе мора да формира коалиција за да има мнозинство во грчкиот парламент со 300 пратеници. Доколку коалиционите разговори пропаднат, наредните избори би можеле да се одржат кон крајот на јуни или почетокот на јули.

Слични содржини