Избори во САД во 2020 година: Берни Сандерс ја прекина претседателската кампања

од Nikola Popovski

Сенаторот Берни Сандерс ја прекина кампањата за претседателските избори во Америка оваа година.

Неговата одлука му го отвора патот Џо Бајден да биде демократски кандидат на годинешните избори.

Сандерс ги информираше соработниците преку конференциски повик во средата, пред да им се обрати на поддржувачите преку Интернет.

Седумдесет и осумгодишниот Сандерс, кој се опишува себеси како демократски социјалист, доби широка поддршка со поставување на прашањата за здравственото осигурување и проблемите со работничката класа во центарот на изборната платформа.

„Ние ја трансформиравме американската свест во онаа што покажува каков народ можеме да станеме и затоа оваа земја презеде голем чекор напред во бескрајната битка за економска, социјална, расна и еколошка правда“, им рекол Сандерс на поддржувачите во преносот во живо на Интернет.

„Нашето движење победи во оваа идеолошка битка“, додаде тој.

Сандерс долго беше лидер во трката за демократски кандидат, но после прелиминарните партиски избори, ја изгуби предноста.

Слични содржини