Избран е нов претседател на црногорскиот парламент

од Nikola Popovski

Лидерот на коалицијата „Мирот е наша нација“ и претседателот на Демократска Црна Гора, Алекса Бечиќ е избран за претседател на Парламентот на Црна Гора.

За неговото назначување гласале 45 пратеници, еден бил против, а 25 ливчиња биле празни.

Изборот на Бечиќ бил поддржан од пратениците на трите победнички коалиции – „За иднината на Црна Гора“, „Мирот е наша нација“ и „Црно на бело“, Бошњачката партија и албанската листа на Ник Џељошај.

Слични содржини