Изгубен уште еден млад човечки живот: Mомче од Свети Николе почина од коронавирус

од Берта Китинска

На Инфективната клиника во Скопје како последица на Ковид 19 починало 22-годишно момче од Свети Николе.

Според  информаците на велешкиот градоначалник, Аце Коцевски, момчето најпрво се лекувало на Инфективното одделение од болницата во Велес, но поради компликации, минатата недела било итно пренесено во Скопје.

Триесет и двајца новозаболени од Ковид-19 во последнте 12 денови се регистрирани во Велес и велешко, соопшти на  Коцевски.

Вкупно потврдени случаи инфицирани со Ковид-19 се 309, додека пак 258 лица се оздравени. Триесет и шест се активни, од нив дванаесет се згрижени на Инфективното одделение во велешката болница, а 24 се лекуваат во домашни услови.

Слични содржини