Израелскиот премиер: Нетанјаху ќе направи се за да не оди во затвор

од Vladimir Zorba

Израелскиот премиер во заминување Жаир Лапид изјави дека мандатот за состав на новата израелска влада и поранешниот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе направи се за да не оди во затвор.

Лапид им рече на новинарите дека Нетанјаху ќе се обиде да спроведе судски реформи со цел да назначи судии на кои потоа ќе им бидат доделени неговите случаи за корупција.

-Заклучокот е дека тој ќе стане вториот премиер во историјата на државата кој отиде во затвор. Нема ништо што нема да направи за да го спречи тоа – изјави Лапид.

Од 2020 година, Нетанјаху се соочува со обвиненија за измама, поткуп и нарушување на довербата. Тој ги негираше обвинувањата.

Ехуд Олмерт беше првиот израелски премиер осуден на затворска казна поради обвиненија за корупција.

Нетанјаху моментално е во процес на консултации со десничарските партии за формирање нова израелска влада, откако неговата коалиција го обезбеди потребното парламентарно мнозинство за формирање влада.

Слични содржини