Изведени 100 ТАВИ процедури на УК за Кардиологија

од Берта Китинска

Новата метода во интервентната кардиологија – ТАВИ започна да се изведува на УК за Кардиологија.

-Досега се изведени стотина процедури од овој тип и истите ги изведе стручниот тим во состав од д-р Зимбаков, д-р Бушљетиќ и неколку млади интервентни кардиолози кои се во фаза на интензивен тренинг. Оваа комплексна процедура опфаќа минимално инванзивна нехируршка имплантација на аортни залистоци, кај пациенти кои имаат стеснување на аортниот залисток. Кардиолозите на Клиниката по којзнае кој пат покажуваат дека се стручни и спремни на пациентите да им ја пружат врвната здравствена заштита. Се покажаа и како добри менаџери во делот на третман на пациентите со Ковид-19. Изминатиов период Клиниката доби опрема три ЕХО апарати, бидејќи тие се дел од секојдневната рутина за работа на Клиниката. Респираторни машини што досега ги немаше, специјален мобилен ангиограф, кој служи за една посебна метода за работа во сала за интервенции и во тек е и при крај е постапка со која ќе се набави опрема за воведување на нова метода за третман на срцевите аритми, нешто што е навистина врвна метода насекаде во светот, информираше Филипче.

Слични содржини